Порака од организаторот
Почитувани,
Со големо задоволство, би сакал да испратам срдечна покана до членовите на академската заедница, индустријата, Владата и другите релевантни институции за учество на Првата меѓународна конференција за бизнис, економија и финансии, организирана од страна на Економскиот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Р. Македонија.
Конференцијата ќе се одржи 13-15 септември 2012 година во Хотел „Оаза“ - Штип. Темата на конференцијата „Од либерализација до глобализацијата - предизвици во светот што се менува“ е фокусирана на теоретски и практични решенија за секоја организација која се соочува со динамично, турбулентно и честопати непредвидливо окружување, докажувајќи дека единствено промените се константни.
Конференцијата ќе претставува можност за мулти-дисциплинарната заедница од научници, бизнисмени и креатори на националната политика, кои имаат интерес од иновативни пристапи за бизнис, економија и финансии, да се сретнат, поврзат и разменат мислења.
За било какви прашања во врска со конференцијата, слободно обратете се на ICBEF@ugd.edu.mk
Со нетрпение Ве очекуваме во Штип.
Со почит,
|